Наочари

Сè што треба да знаете за наочарите и Вашиот вид

Изборот на вистинските наочари не е само прашање на стил. Соодветната рамка, правилно избраните оптички стакла и точната диоптрија се важни за удобноста, квалитетот на видот и секојдневното користење на очилата.

Во „Оптика Призма советува“ споделуваме практични информации за диоптриски наочари (dioptriski naocari), рамки за наочари, сончеви очила, работа пред компјутер, проверка на вид и правилна грижа за очите. Ќе најдете совети што ќе ви помогнат полесно да го направите вистинскиот избор според вашите потреби, стил и начин на живот.

Доколку ви е потребен индивидуален совет, избор на рамки или проверка на вид, посетете нè во Оптика Призма во Скопје.

Најнови совети од Оптика Призма:

Во дигиталната ера, кога сме опкружени со многу извори на зрачење…

Електронските уреди како мобилниот телефон, компјутерот и телевизорот, заедно со ЛЕД светлата кои не опкружуваат, зрачат модро-виолетова (сина) светлина. Докажано е дека таа светлина влијае лошо врз нашиот вид, и може да предизвика главоболка, заматен вид, пецкање во очите, па дури и прогресија на диоптер.

За таа цел, светските реномирани производители на оптички стакла имплементираат технологии во изработката на стаклата за заштита од оваа светлина.

Некои од тие технологии се:

  • HMC – Hard Multi Coat со 4 слојна заштита – и тоа: заштита од гребење, слој за брзо одмаглување при промена на топла во ладна средина и обратно, редукција на светлата при возење произведена од светлата на автомобилите кои доаѓаат во Ваша насока заедно со уличните светилки, како и основна редукција на зрачењата од електронските уреди

  • Blue Light заштита – додатна заштита на претходните 4 слоеви, која го редуцира лошиот ефект од модрата/ сината светлина која ја емитираат уредите кои зрачат LED светлина како светилките во просториите, LCD/LED телевизорите, таблет уредите и SMART мобилните телефони.

При користење на овој тип на оптички стакла, корисникот може да примети жолтеникава нијанса во неговиот вид. Тоа се случува поради овој тип на заштита. Постои една категорија на корисници, каде овие стакла можат да предизвикаат мал проблем, а тоа се оние луѓе кои работат графички дизајн и имаат потреба од прецизно нијансирање на бои (физички и преку компјутер или друг дигитален уред). Во овој случај, предлагаме проба на стаклото (со примерок од нашата оптика), со цел да се елиминира овој потенцијалне проблем, пред корисникот да набави ваков тип на стакла.

  • Заштита од UV зраци – некои оптички стакла ја нудат и оваа заштита. Имено, личноста која има потреба од секојдневно користење (носење) на диоптерските очила, често се изложува и на овој тип на зрачење продуцирано од сонцето и некои типови на светилки и електронски уреди. Во овој случај, предлагаме корисникот да размисли за оптички стакла кои би го вклучиле и овој тип на заштита на очите.

Овој тип на заштити не се карактеристика само на стаклата кои имаат диоптер. Напротив, трендот на набавување на очила со стакла без диоптер но со заштитни слоеви е во нагорна линија!

Наочари

Наочари

eyeglasses