Диоптерски очила, како составен дел од секојдневието
February 25, 2025Pregled
pregled
преглед
Proverka
Vid
Преглед
Проверка
Вид
Pregled
Proverka
Vid
Преглед
Проверка
Вид
Заклучок
Редовната проверка на видот кај оптометрист е суштинска за јасен и удобен вид. Без разлика дали имате проблеми со гледање или едноставно сакате да бидете сигурни дека вашите очи функционираат оптимално, закажете преглед и уверете се дека гледате светот во неговата најдобра форма!
Што е човечки вид?
Визуелната перцепција кај човекот или човечки вид е способност да се примаат информации од околината преку сетилата за вид.
Диоптерски очила или Eyeglasses се повеќе од помагало за корекција на видот. Тие се и одлика на личниот стил, аксесоар за заштта и составен дел од секојдневието на милиони луѓе.
Без разлика дали се потребни за читање, возење, работа на компјутер или секојдневно носење, одбирањето на правиот пар очила може сериозно да влијае на комфорот и квалитетот на видот.Во Оптика Призма, тимот е дедициран кон обезбедување помош да го пронајдете перфектниот пар за Вашите потреби. Во овој пасус ќе ги истражиме различните типови на очила, нивната намена и популарост на брендовите со цел да се обидеме да дадеме насока за Вашиот следен пар!
Вашите очи заслужуваат грижа: Процесот на проверка на видот кај оптометрист
Видот е едно од најважните сетила, но честопати го занемаруваме сè додека не се појави проблем. Проверка на видот кај оптометрист не е само за луѓе кои имаат заматен вид – редовните контроли можат да помогнат во рана детекција на промени во диоптријата, напрегање на очите или проблеми со фокусирање. Оптометристите се специјализирани за мерење на видната острина и препишување на соодветни очила или контактни леќи, со што значително се подобрува квалитетот на животот.

Зошто е важно да се прави редовен преглед кај оптометрист?
Редовните проверки на видот кај оптометрист се клучни за одржување на добар вид и удобност при секојдневните активности. Некои од главните причини зошто треба да закажете преглед се:
Откривање на промени во диоптријата – Видот се менува со текот на времето, а правилната корекција може да спречи главоболки и напрегање на очите.
Оптимизација на удобноста при носење очила или контактни леќи – Оптометристите ќе се погрижат да имате најсоодветна корекција за вашите потреби.
Испитување на функцијата на очите – Проверка на бинокуларниот вид, способноста за фокусирање и координацијата на очите.
Превенција од напрегање на очите – Долгото изложување на екрани може да предизвика дигитален визуелен замор, што може да се ублажи со соодветна корекција.
Како изгледа процесот на проверка на видот кај оптометрист во Оптика Призма?

Прегледот кај нашиот оптометрист вклучува неколку основни чекори:
1. Разговор за Вашите визуелни потреби
На почетокот, оптометристот ќе постави прашања за Вашето секојдневие, дали работите на компјутер, дали читате многу, дали возите ноќе и дали имате одредени симптоми како заматен вид, главоболка, напрегање или чувствителност на светлина.
2. Тестирање на острината на видот
Ќе Ве замолат да прочитате букви или симболи на различни далечини за да се утврди дали имате потреба од корекција со очила или контактни леќи.
3. Рефракција – мерење на диоптријата
Со помош на фороптер и автоматски рефрактометар, оптометристот ќе го одреди точниот рецепт за Вашите очила или контактни леќи. Овој тест е важен за луѓе со кратковидост, далекувидост и астигматизам.
4. Тестирање на способноста за фокусирање
Ќе се провери како Вашите очи се адаптираат при гледање на различни растојанија. Овој тест е особено важен за луѓе кои имаат тешкотии при читање или работа на компјутер.
5. Проверка на бинокуларниот вид
Ќе се тестира како Вашите очи работат заедно и дали има проблеми со координацијата, кои можат да доведат до двоен вид или замор на очите.
6. Дополнителни тестови
Во зависност од вашите потреби, оптометристот може да спроведе дополнителни тестови, како што се тестови за бојна перцепција, мерење на осетливоста на контраст или проценка на сувоста на очите.
Колку често треба да се прави проверка на видот?
Деца (3-18 години) – Првиот преглед треба да се направи околу третата година, а потоа на секои 1-2 години.
Возрасни (18-40 години) – Препорачливо е да се прави проверка секоја година ако нема проблеми со видот.
Возрасни над 40 години – Преглед на 6 месеци до 1 година за следење на промените во видот и адаптација на рецептите.
Лица кои носат контактни леќи – Потребни се почести контроли, најчесто еднаш годишно.
Како да го заштитите вашиот вид?
Користете очила со филтер за сина светлина ако работите пред екран.
Одморајте ги очите со правилото 20-20-20 (на секои 20 минути, гледајте во далечина 20 секунди).
Внесувајте доволно витамини А, Ц и Е во исхраната.
Користете контактни леќи правилно и никогаш не спијте со нив ако не се специјално дизајнирани за тоа.
Повелете и