Наочари

наочари

Naocari

Naocari

Наочари naocari очила

Кога станува збор за заштита и нега на очите и модерни очила, изборот на вистинската оптика е клучен. Оптика Призма се истакнува како доверлива станица за висококвалитетни очила, контактни леќи и професионални очни прегледи. Без разлика дали Ви требаат нови диоптерски очила или модерни сончеви наочари, Оптика Призма нуди широк избор на рамки и стручни совети за да гледате чисто и јасно, да изгледате одлично и да се чувствувате самоуверено.

Во овој дел од нашата интернет страница, ќе се обидеме да ги споделиме со Вас, сите наши знаења и искуства, кои се надеваме ќе помогнат при изборот на соодветните очила, стакла и контактни леќи, за Вашата потреба.

Ќе зборуваме за:

1. Типовите на оптички стакла и нивната намена

2. Соодветниот избор на оптички рамки

3. Заштита и нега на видот

4. Стилот, брендовите колекциите на сончевите очила

5. Примена на контактните леќи

Следете не!

Во дигиталната ера, кога сме опкружени со многу извори на зрачење…

Електронските уреди како мобилниот телефон, компјутерот и телевизорот, заедно со ЛЕД светлата кои не опкружуваат, зрачат модро-виолетова (сина) светлина. Докажано е дека таа светлина влијае лошо врз нашиот вид, и може да предизвика главоболка, заматен вид, пецкање во очите, па дури и прогресија на диоптер.

За таа цел, светските реномирани производители на оптички стакла имплементираат технологии во изработката на стаклата за заштита од оваа светлина.

Некои од тие технологии се:

  • HMC – Hard Multi Coat со 4 слојна заштита – и тоа: заштита од гребење, слој за брзо одмаглување при промена на топла во ладна средина и обратно, редукција на светлата при возење произведена од светлата на автомобилите кои доаѓаат во Ваша насока заедно со уличните светилки, како и основна редукција на зрачењата од електронските уреди

  • Blue Light заштита – додатна заштита на претходните 4 слоеви, која го редуцира лошиот ефект од модрата/ сината светлина која ја емитираат уредите кои зрачат LED светлина како светилките во просториите, LCD/LED телевизорите, таблет уредите и SMART мобилните телефони.

При користење на овој тип на оптички стакла, корисникот може да примети жолтеникава нијанса во неговиот вид. Тоа се случува поради овој тип на заштита. Постои една категорија на корисници, каде овие стакла можат да предизвикаат мал проблем, а тоа се оние луѓе кои работат графички дизајн и имаат потреба од прецизно нијансирање на бои (физички и преку компјутер или друг дигитален уред). Во овој случај, предлагаме проба на стаклото (со примерок од нашата оптика), со цел да се елиминира овој потенцијалне проблем, пред корисникот да набави ваков тип на стакла.

  • Заштита од UV зраци – некои оптички стакла ја нудат и оваа заштита. Имено, личноста која има потреба од секојдневно користење (носење) на диоптерските очила, често се изложува и на овој тип на зрачење продуцирано од сонцето и некои типови на светилки и електронски уреди. Во овој случај, предлагаме корисникот да размисли за оптички стакла кои би го вклучиле и овој тип на заштита на очите.

Овој тип на заштити не се карактеристика само на стаклата кои имаат диоптер. Напротив, трендот на набавување на очила со стакла без диоптер но со заштитни слоеви е во нагорна линија!

Наочари

Наочари