Чист и јасен вид, модерни и удобни очила!

Диоптер

Компјутерска проверка и утврдување на диоптрија/ Диоптер

Во нашите оптики се врши компјутерска проверка и утврдување на диоптрија. Се користат најсовремените методи и компјутерска апаратура за утврдување на статусот на видот за:
Далеку (возење, гледање ТВ, кино и секојдвневните активности)
Средна дистанца (користење Десктоп Компјутер/ Монитор)
Близу (читање, користење мобилен телефон и сл…)

* Кликнете на копчето, и пополнете го формуларот за да ја закажете Вашата компјутерска проверка и утврдување на диоптрија!

ИЗРАБОТКА НА СЕКОЈ ТИП НА ОПТИЧКИ СТАКЛА

Без разлика дали се работи за органска пластика, минерално стакло, за далеку или блиску, или друг тип на оптички стакла, нашите оптичари со помош на нивното знаење, искуство и најсовремената апаратура, се подготвени да го изработат и најкомплицираниот рам и стакла за Вашата потреба.

Eyewear brands

СТИЛСКИ ОЧИЛА ЗА СЕКОГО

Во нашите оптики ќе добиете срдечна и искрена препорака за Вашата потреба. Ќе можете да пробате и одберете од огромниот избор на оптички рамки, од  добропознатите светски реномирани производители како: 
POLICE, Ray-Ban, Dolce & Gabbana, Tom Ford, Versace, Kenzo, Guess, Vogue, Armani Exchange, FURLA, Krezubergkinder, Polaroid Ana Hickmann, Carrera, Timberland, Pierre Cardin, и многу други рамки достапни за сечиј џеб.

ПОПРАВКА НА ВАШИТЕ ОЧИЛА

Доколку имате проблем со Вашите диоптерски или сончеви очила, нашиот тим Ви стои на располагање. Често се случува да загубиме шрафче или папучка, да ни се искриват рачките на очилата или да ги изгребеме стаклата. Ние во Призма сме подготвени да помогнеме.

Eyeglass reparing
Contact Lens

КОНТАКТНИ ЛЕЌИ

Кај нас можете да ги набавите сите типови на котактни леќи кои се застапени на македонскиот пазар, по легални и проверени дистрибутивни канали. Достапни се сите популарни брендови на производители како: Bausch & Lomb, Ciba Vision / Alcon, Soflex како и типовите: SofLens,  PureVision, Daillies, Freshlook, Dispo, Biotrue.

Оптика Призма можете да ја најдете на две локации, каде ќе Ве пречека нашиот професионален и срдечен тим и ќе понуди решение за сите кои имаат потреба од чист вид и квалитетни решенија во областа на оптиката!

Нашиот оптометрист- контактолог е целосно посветен на обезбедување најсоодветни решенија за потребите на клиентите. Нашите колеги се целосно свесни дека одличната услуга ќе резултира со задоволство кај клиентот, и поради тоа се подготвени да обезбедат услуга на највисоко ниво, притоа трудејќи се тоа да биде различно искуство.

Призма располага со најсовремената технологија за изработка, монтажа и оддржување на оптички помагала. Нашата апаратура е произведена од реномирани европски производители на оптометриски машини и апарати. Следејќи ги најновите светски трендови на оптометријата, тимот на Призма е обучен да ги изработи и монтира и најкомплицираните оптички или сончеви стакла.

Во Оптика Призма можете да сретнете огромен избор на оптички рамки, сончеви очила, контактни леќи и течности од добро познатите светски брендови

Diopter

Диоптерските очила, како составен дел од секојдневието…
 

Визуелната перцепција кај човекот или човечки вид е способност да се примаат информации од околината преку сетилата за вид.

Живееме во динамично време, опкружени со многу технолошки достигнувања, кои наоѓаат потреба во нашето секојдневие. Производите од тие достигнувања освен што се неопходни, со себе носат и некои аномалии. На пример, секој телевизор, компјутер или лаптоп, мобилен телефон и таблет создаваат зрачења кои се штетни за нашите очи. Не изостануваат и “лед“ светлата, кои не опкружуваат насекаде, но сепак и тие емитираат штетни зраци.

Многу научници денес, го карактеризираат овој феномен како нужно зло.

 

Оптика Призма, во соработка со Betty Магазин, во октомврискиот број на списанието, советува кој тип на диоптерски рамки, се најдобри за Вас и Вашата потреба.

Преземете ја дигиталната верзија на октомвриското списание на Betty, ТУКАи прочитајте повеќе на страна 5 и 6.

Некои од тие технологии се:

HMC – Hard Multi Coat со 4 слојна заштита – и тоа: заштита од гребење, слој за брзо одмаглување при промена на топла во ладна средина и обратно, редукција на светлината произведена од светлата на автомобилите кои доаѓаат во Ваша насока кога возитре, како и редукција на зрачењата од електронските уреди

Blue Light заштита – додатна заштита на претходните 4 слоеви, која го редуцира лошиот ефект од модрата/ сината светлина која ја емитираат уредите кои зрачат LED светлина како светилките во просториите, LCD/LED телевизорите, таблет уредите и SMART мобилните телефони. При користење на овој тип на оптички стакла, корисникот може да примети жолтеникава нијанса во неговиот вид.

Тоа се случува поради овој тип на заштита. Постои една категорија на корисници, каде овие стакла можат да предизвикаат мал проблем, а тоа се оние луѓе кои работат графички дизајн и имаат потреба од прецизно нијансирање на бои (физички и преку компјутер или друг дигитален уред). Во овој случај, предлагаме проба на стаклото (со примерок од нашата оптика), со цел да се елиминира овој потенцијалне проблем, пред корисникот да набави ваков тип на стакла.

Заштита од UV зраци – некои оптички стакла ја нудат и оваа заштита. Имено, личноста која има потреба од секојдневно користење (носење) на диоптерските очила, често се изложува и на овој тип на зрачење продуцирано од сонцето и некои типови на светилки и електронски уреди. Во овој случај, предлагаме корисникот да размисли за оптички стакла кои би го вклучиле и овој тип на заштита на очите.

Овој тип на заштити не се карактеристика само на стаклата кои имаат диоптер. Напротив, трендот на набавување на очила со стакла без диоптер но со заштитни слоеви е во нагорна линија!